Меј жестоко го брани договорот за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј директно ги повика гласачите да го поддржат нејзиниот план за Брегзит.

Ова се случува во момент кога се очекува да се дознае дали нејзините соперници во Конзервативната партија собрале доволно потписи за да и се гласа недоверба.

Меј денеска одговараше на телефонски прашања на слушатели во радио емисија при што еден слушател рече дека таа треба да поднесе оставка и премиерската функција да му ја отстапи на некој политичар кој е повеќе приврзан кон Брегзит, а друг ја спореди со Невил Чембрлен.

– Многу од луѓето кои гласаа за напуштање на ЕУ, сакаа да биде сигурно дека одлуките за прашања како на пример кој може да доаѓа во земјата ќе ги донесуваме ние во Велика Британија, а не во Брисел, и договорот го дава токму тоа што го договоривме, изјави таа.

Во меѓувреме, неколку пратеници на Конзервативната партија на британската премиерка соопштија дека поднеле писма за гласање недоверба на премиерката, а лондонските медиуми очекуваат дека во текот на денов ќе бидат предадени неопходните 48 писма за да се иницира таква постапка.

За иницирање постапка за гласање недоверба, потребно е најмалку 48 конзервативни пратеници, односно 15 проценти, да предадат такви писма до претседавачот на таканаречениот Комитет 1922, Греам Брејди.

Брејди не откри колку писма се поднесени до сега, а за смена на Меј потребно е против неа да гласаат 158 од вкупно 315 пратеници. Некои британски медиуми јавија дека веќе се собрани неопходните 48 писма.

Во исто време, министерот за заштита на животната средина Мајкл Гоув, за кој се шпекулираше дека ќе поднее оставка поради договорот за Брегзит, потврди дека нема да ја напушти Владата.

– Тој смета дека е важно да продолжи да соработува со колегите од кабинетот за да се обезбеди најдобар исход за земјата, изјави неименуван извор близок до Гоув.

Британските медиуми претходно јавија дека Гоув би можел да поднесе оставка поради договорот за Брегзит, односно дека Меј му понудила да биде министер за Брегзит, но тој тоа го одбил затоа што премиерката не му дозволила да ги промени условите во договорот за Брегзит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски