Меј во Јордан и Саудиска Арабија за војната против тероризмот и бегалската криза

Од:

Британската премиерка Тереза Меј замина во посета на Блискиот Исток, при што ќе ги посети Јордан и Саудиска Арабија, соопштено е денеска во Лондон.

Во текот на разговорите на Меј во Аман и Ријад, со нејзнините домаќини, ќе се расправа за интензивирање на мерките за борба со тероризмот на Исламска држава (ИД), за бегалската криза која тешко го погаѓа Јордан ,како и за хуманитарните мерки во целиот регион.

Во соопштението на Даунинг стрит 10 се вели дека во Јордан ќе стане збор за новата британска иницијатива за засилување на нападите врз џихадистите на ИД и за унапредување на соработката против насилничкиот екстремизам во регионот на Блискиот Исток.

Велика Британија настојува да и се помогне на владата во Аман, да не дојде до прелевање на кризата во Сирија на јорданската територија, со нудење дополнителна хуманитарна подршка, но и со нова поинтензивна соработка и помош за јорданското воено воздухопловство.

Во разговороте во Саудиска Арабија, која е најголемиот британски трговски партнер во регионот, освен за потикнување на трговијата, најавени се и разговори за унаоредување на соработката во контра-тероризмот.

Официјален Лондон на ова прашање му дава исклучително значење, особено сега, по неодманнешниот напад во центарот на Лондон, околу зградата на британскиот Парламент, кога беа убиени четири лица..

За британските безбедносни експерти, Саудиска Арабија има „витално значење„ во борбата со тероризмот и за размената на разузнавачки сознанија.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД