Меј: Велика Британија никогаш нема да го даде Гибралтар без негова волја

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска порача дека Обединетото Кралство никогаш нема да ја препушти контролата врз Гибралтар на некој друг, спротивно на волјата на неговите граѓани.

-Никогаш нема да влеземе во аранжмани според кои граѓаните на Гибралтар би преминале под суверенитет на друга дражава, спротивно на својата слободна и демократски изразена волја, му пренесе Меј во телефонски разговоро на главниот министер за Гибралтар, Фабијан Пикардо, соопшти Даунинг стрит.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, неодамна рече дека по Брегзит ниту еден договор меѓу ЕУ и Велика Британија што се однесува на Гибралтар, нема да може биде спроведен без сагласноста на Шпанија.

Тоа значи дека Мадрид потенцијално може да го блокира пристапот до Гибралтар на било кој трговски договор, а официјани претставници на Гибралтар стравуваат дека Шпанија може да искористи вето и да бара суверенитет над овој полуостров.

-Остануваме апсолутно посветени на соработката со Гибралтар за најдобриот можен исход од Брегзит и ќе продолжиме целосно да ги вклучуваме во овој процес, рече Меј, а пренесоа француските медиуми.

Лондон и Мадрид веќе 300 години спорат околу Гибралтар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски