Меј: Велика Британија има потреба од единство пред предизвиците од Брегзит и безбедноста

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј денеска пред новиот состав на Парламентот изјави дека земјата треба да биде единствена пред предизвиците од напуштањето на ЕУ и поддршката на безбедноста по неодамнешните исламистички атентати, пренесоа британските медиуми.

– Исправени сме пред тешки предизвици, затоа треба да сме заедно во духот на национално единство, за да ја зачуваме нашата земја безбедна и да изградиме посилна, поправедна и поблагопријатна иднина за секој во нашето Обединето кралство, изјави таа.

Конзервативната партија на Меј го загуби своето апсолутно мнозинство во парламентот по изборите на 8 јуни, што го покрена прашањето како премиерот ќе го примени својот план за Брегзит и како ќе истурка некои од законите.

– Преговорите меѓу конзервативците на Тереза Меј и северноирската Демократска унионистичка партија за поддршка на малционската влада на Меј добро напредуваат и ќе траат и денеска, рече високо позициониран извор од Конзервативната партија.

Претходно денеска Меј се сретна со лидерката на унионистите Арлин Фостер во својата канцеларија на „Даунинг стрит“.

– Преговорите течат, не се прекинати. Немам датум кога ќе завршат. Одат добро, рече изворот.

Попладнево Меј заминува за Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, но претставник на конзервативците ќе продолжи со преговорите со унионистите, додаде изворот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски