Меј и Руте ја осудија ГРУ за серија глобални кибер напади

Од:

Премиерите на Велика Британија и на Холандија, Тереза Меј и Марк Руте денеска објавија заедничко соопштение со кое ја осудија руската воена разузнавачка служба ГРУ поради серијата наводни глобални кибер напади.

Двајцата лидери посочија дека ќе ги бранат меѓународните институции од тие што сакаат да им наштетат.

Меј и Руте разговараа откако претставници на двете држави ја обвинија ГРУ за серија напади врз Организацијата за забрана за хемиско оружје и други агенции, меѓу кои и Светската агенција за антидопинг и за истрагата за падот на малезискиот авион.

Премиерите на Велика Британија и на Холандија соопштија дека нападите покажуваат игнорирање на вредностите од страна на ГРУ и на правилата што придонесуваат за безбедноста.

Русија ги отфрли обвинувањата оценувајќи ги како „фантазии“.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Силна експлозија во Холандија

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации