Велика Британија одлучи да протера повеќе од 20 руски дипломати поради случајот со труење на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал (66). Според наводите, 23 дипломати ќе бидат протерани, бидејќи Москва одбила да појасни како нервен гас направен во Русија бил употребен за труење на Скрипал во Велика Британија.
Премиерката, Тереза Меј, рече дека руските дипломати кои имаат една недела да ја напуштат земјата, се идентификувани како „непријавени разузнавачки службеници“, објави Би-би-си.
Русија претходно негираше дека учествувала во обидот за убиство на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
„Ставот на Москва е добро познат, Лондон за тоа е известен преку дипломатски канали – Москва нема никакви врски со случувањата на Велика Британија“, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Нервниот гас, со кој се отруени поранешниот руски шпион и неговата ќерка Јулија (36), бил испратен од Русија како подарок, објавија британските медиуми. Отровниот агенс го донела Јулија по враќањето од Русија како подарок за татко и од неговите пријатели. Се претпоставува дека подарокот бил отворен додека таткото и ќерката биле заедно во ресторан во Салисбури, Англија. Пензионираниот воен разузнувач и неговата ќерка сега се во стабилна состојба.