Меј: Најдобра опција за Велика Британија е договор со ЕУ

Од:

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј и натаму смета дека најдобра опција за Британија е да ја напушти Европската унија со договор.

– Работев напорно, преговарајќи за најдобар можен договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Сега моите наследници треба да најдат решение и да дојдат до компромис, рече Мај, откако пристигна на состанокот на лидерите на ЕУ.

Таа не ги коментираше најавите дека по нејзиното заминување Велика Британија може да се соочи со хаотичен Брегзит без договор со ЕУ.

– И натаму сметам дека најдобра опција за Велика Британија е да ја напушти ЕУ со договор, рече Меј.

Тереза Меј истакна дека нејзина обврска, но и на Велика Британија, е до излегувањето од ЕУ на конструктивен начин да учествуваат во ЕУ политиката, вклучувајќи ги и разговорите за распределба на водечките позиции во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он