Меј: Доколку не биде постигнат финален договор за Брегзит, Велика Британија нема да ја плати сметката на ЕУ

Од:

Лондон ќе ја исплати предивдената сума од 40 до 44 милијарди евра за „разводот“ од ЕУ, само доколку биде постигната конечна согласност за начинот на кој што Велика Британија ќе излезе од Унијата, изјави британската премиерка Тереза Меј.

Таа беше критикувана од британската јавност поради постигнатиот договор минатата недела, по завршувањето на првата рунда разговори меѓу Брисел и Лондон.

Според Меј можно е да не биде постигнат финален договор за Брегзит, со оглед на тоа што преговорите по другите прашања продолжуваат понатаму.

– Доколку не се договориме за идното партнерство, понудата веќе не е на маса, изјави Меј.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он