Руски и романски криминалци ги празнат банкоматите во Тајланд, германски криминалци ги пробиваат банкарските шифрии и повлекуваат пари, а банди од Латинска Америка пљачкаат по куќите на богатите жители на Тајланд.
Сознанијата што денеска ги објави Институтот за правда на Тајланд покажуваат дека во оваа држава оперираат повеќе од 20 странски, најчесто транснационални криминални групи. Од нив се уапсени 266 лица, од дури 101 држава.
Криминалците од Русија се специјализирале за крадење пари од банкомати, а лажните кредитни картички што тие ги прават со помош на Романци на машини донесени од Шпанија, се злоупотребуваат ширум светот.
Здружени криминалци оперираат со картички веќе обработени во Тајланд, а дел од нив се специјализирале за повлекување пари од туѓи банкарски сметки. Украдените пари од банкарските сметки веднаш се испраќаат на сметки вон Тајланд.
Посебна приказна се криминалните групи од Јужна Америка. Под маска на туристи, криминалци од Колумбија, Мексико, Гватемала и Перу, координирано оперираат во богати куќи, а украдените вредности најчесто ги продаваат во Европа и Јапонија. Последната фатена група, составена од Перуанци и Гватемалци, била и специјализирана за кражба на скапи возила и накит.