Држави донатори за палестинската автономна власт ќе имаат средба на 31 јануари во Брисел, како дел од напорите за обнова на мировните преговори со Израел. Тоа го соопшти синоќа норвешкото МНР.
Домаќин на средбата на ниво на министри ќе биде првиот дипломат на ЕУ Федерика Могерини, а претседател – министерот за надворешни работи на Норвешка, Ине Ериксен Сорејде.
Тие ја иницирале средбата на т.н. специјален комитет за врски што помага за формирање институции за идната палестинска држава.