Центарот за управување со летови во Подмосковието синоќа изврши маневар за пренасочување на Меѓународната вселенска станица (МВС) од удар со остатоци од вселенски отпад, јави ТАСС.
Маневарот е извршен со помош на моторите на рускиот вселенски брод „Прогрес М-26М“, кој е закачен за МВС.
Моторите на „Прогрес М-26М“ работеа во период од 322 секунди, нешто повеќе од 5 минути, се наведува во соопштението на Центарот за управување со летови.