Меѓународната конференција за регулирање на глобалниот интернет заврши без ниту еден документ

Од:

Меѓународната конференција за регулирање на глобалниот интернет во бразилскиот град Сао Паоло заврши без ниту еден консензуален документ.

Форумот траеше два дена и на него учествуваа околу 1.000 делегати, меѓу кои претставници на влади, бизнисот и цивилниот сектор од над 90 држави.

Конференцијата се одржа на иницијатива на бразилската претседателка Дилма Русеф, која лани септември беше вклучена во скандалот со глобалното следење на телекомуникациите од страна на САД.

Деталите за оваа програма ги објави минатата година поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден.

Во завршните документи со кои беше затворена конференцијата во Сао Паоло, нема ниту едно конкретно барање за појасно дефинирање на улогата на државите во регулирањето на инфраструктурата на Интернет, како и иднината на мрежата да се одлучува на едно повисоко меѓународно ниво.

Според аналитичарите, најглеми победници од ваквата состојба се големите интернет компании, кои најмногу се залагаа дека интернет просторот треба да остане саморегулирачки отворен и слободен простор, надвор од владините регулативи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата