Меѓународната коалиција тврди дека убила повеќе од 160 Хути во близина на Мариб

Од:

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека убила повеќе од 160 бунтовници во операцијата извршена во близина на стратешки важниот град Мариб.

Во борбите за Мариб изминатите денови загинаа стотина луѓе. И покрај тешките загуби, бунтовниците Хути тврдат дека напредуваат и оти зазеле област на 100 километри од Мариб.

Додека меѓународната коалиција соопшти дека „извеле 32 наапади во таа област, уништила 11 воени возила и елиминирала повеќе од 160 терористи“.

Мариб е последното упориште на владините сили во северниот дел на Јемен.

Меѓународната коалиција тврди дека во текот на неделата извршила голем број воздушни напади, во кои загинале над 700 бунтовници.

Граѓанската војна во Јемен почна во 2014 година, во која досега загинаа над 200.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД