Mеѓународна кампања за укинување на смртната казна

Од:

Адвокати, дипломати, правници и активисти денеска се собираат во француското МНР, каде официјално ќе се објави почетокот на меѓународната кампања за укинување на смртната казна, што се уште се применува во 60-тина држави и територии низ светот, пренесоа француските медиуми.

Иницијаторот на настанот – француското Министерство за надворешни работи, покани стотици гости, вклучувајќи и адвокати на осудени лица во Иран, Кина, Јапонија и САД, поранешен осуден на смрт во Мароко, амбасадори и јавни дејци, прецизираат француските медиуми.

Вечерата ќе биде отворена со пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и се очекува да заврши со говорот на поранешниот француски министер за правда Робер Бадентер, чие име е поврзано со укинувањето на смртната казна во Франција во 1981 година.

-Станува збор за сеопфатно предавање на штафетата од генерацијата на Бадентер кон таа на адвокатите, кои денеска низ светот од смрт ги бранат обвинетите, изјави францускиот амбасадор за човекови права Франсоа Зимре.

На крајот на септември францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, во кулоарите на Генералното собрание на ОН, веќе организираше средба за прашањето на укинување на смртната казна, потсетуваат медиумите.

-Не станува збор дека некој ќе дава лекции за човекови права, туку да го споделиме своето искуство и да напомениме дека укинувањето на смртната казна е долга и тешка битка, која бара политичка храброст, додаде Зимре.

Ова досега беше битка со променливи резултати, забележува дипломатски извор и потсетува дека Јапонија токму годинава ги обнови егзекуциите, а Гамбија води непостојана политика, одредувајќи смртни казни и мораториуми.

Тунис, Мароко и Алжир веќе 20 години фактички имаат воведено мораториум врз смртната казна, но се уште не се ангажират да ја укинат, забележува изворот.

Кина, Иран и САД секогаш природно се посочуваат меѓу државите во кои се егзекутираат осудените на смрт.

Противниците на најтешката казна, меѓутоа, гледаат „охрабрувачки знаци“ во случајот со Бенин, земјата која во јуни го ратификува протоколот за нејзино укинување, како и во Руанда, Бурунди и Централноафриканската република.

 

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток