Петнаесетти февруари е Меѓународен ден на децата болни од рак.
Годинава Меѓународниот ден се одбележува под мотото „Без граници. Заедно. Можност. Иднина. Лекување. Сила“.
Одбележувањето на Меѓународниот ден има за цел да сврти вниманието на целокупната јавност за подобрување на третманот, негата, квалитетот на живот, како и на емоционалните и социјалните потреби на децата болени од рак, како и на нивното семејство.
Светскиот ден на децата болни од рак се одбележува од 2002 година на иницијатива на Меѓународната конференција на Здруженија на родителите заболени од рак. Оттогаш се одбележува во 88 држави.
Според Светската здравствена организација (СЗО) секоја година кај повеќе од 300.000 деца на возраст до 19 години во светот е дијагностициран рак.
The most common categories of childhood #cancers include:
? Leukemias
? Brain cancers
? Lymphomas
? Solid tumours, such as neuroblastoma and Wilms tumour.https://t.co/K1YY5efbyY #InternationalChildhoodCancerDay pic.twitter.com/LFNg0BIeu4— World Health Organization (WHO) (@WHO) February 15, 2020
Околу осум од 10 заболени деца живеат во земји со ниски и средни приходи, каде стапката на преживување е околу 20 отсто.
СЗО постави цел до 2030 година е да се елиминира страдањето кај децата кои се борат со рак и да се постигне најмалку 60 проценти преживување на пациентите.
Тоа претставува приближно удвојување на тековната стапка на лекување и ќе спаси на еден милион деца во текот на следната деценија.
И во Северна Македонија ќе биде одбележан Меѓународниот ден на децата болни од рак. Во Скопје ќе се одржи златна трка и забава во организација на “НО САНО” и Универзитетската клиника за детски болести.
Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернационалното училиште „Нова„ и гимназијата „Орце Николов“, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.