Веб сајтот Megaupload, која е затворена поради масовна пиратерија, повторно се враќа.
Откако американското Федерално истражно биро (ФБИ) го затвори сајтот, неговиот сопственик Ким Дотком се подготвува повторно да го отвори во јануари 2013 година.
Меѓутоа, работата е далеку од завршена и проблемот со фајловите, кои ги блокира ФБИ, се уште не е решен.
Megaupload се враќа, но со нов систем. Тој шифрира и дешифрира фајлови директно преку навигаторот на корисниците, така што повеќе нема потреба од специјален софтвер за податоците да станат доверливи. Се менува и управувањето со податоците.
Искуството кое повеќе било индивидуално станува колективно, а завршено е и со мануелната размена на фајлови, бидејќи страницата презема „клауд“ технологија.