Мегајахтата на Абрамович виденa во близина на Турција

Од:

Мегајахтата поврзана со санкционираниот руски олигарх Роман Абрамович денеска е видена како плови на неколку километри од југозападниот брег на Турција.

Абрамович е меѓу неколкуте руски милијардери кои минатата недела завршија на црната листа на ЕУ, на која веќе има неколку десетици најбогати луѓе во Русија. ЕУ е во процес на запленување на нивните јахти и други луксузни средства.

Западните влади се обидуваат да го изолираат рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници поради нападот врз Украина.

Абрамович минатата недела слета во Москва со приватен авион од Истанбул. Според податоците на летот, тоа е второ патување во три дена на тој авион поврзан со руски олигарх меѓу најголемиот турски град и руската престолнина.

Јахтата Соларис која плови под знамето на Бермуди долга 140 метри, го напушти бродоградилиштето во Барселона на 8 март, каде беше на поправка, соопшти Marine Traffic.

Таа го напушти црногорското пристаниште Тиват на 13-ти март и во последните денови го заобиколи грчкиот остров Крит. Податоците покажуваат дека денеска било на околу 3 километри од турското крајбрежје, пловејќи кон туристичката дестинација Датчи.

„Соларис“ е изграден во германско бродоградилиште и за прв пат отплови на почетокот на минатата година. Тоа е само една од јахтите во сопственост на Абрамович, според SuperYachtFan, SuperYaht Times и Forbes.

Би можело да ве интересира

Абрамович купува бразилски гигант

Канада го запленува имотот на рускиот олигарх Роман Абрамович

За шефот на Премиерлигата, ерата на Роман Абрамович во Челси не беше добра за имиџот

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович

Ана Ололовска

Абрамович го тужи Советот на ЕУ

Ана Ололовска

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он