Медведев: Трамп може да му понуди на Зеленски капитулација, а на Маск мисија на Марс

Од:

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ги коментираше најновите изјави на Доналд Трамп и неговата промена на ставовите на Телеграм.

– Деновиве во Њујорк можеше да се види многу политички театар. Додека некои европски лидери се забележуваат по своите „слабости“, Доналд Трамп повторно настапува во својот препознатлив стил – со изјави кои повеќе личат на пцуење отколку на вистинска политика.

По средбата со претставници на Киев и Париз, Трамп објави интересен пост: во неговата визија, Украина ја добива конечната победа, ги враќа сите граници, додека руската економија се урива, а луѓето чекаат во редови за бензин. Москва, според овој опис, е „хартиен тигар“.

Во оваа „алтернативна реалност“ Киев цвета и ја гради својата економија сам, додека Америка победува без никакви последици. Таму, иронично велат, Обама и Бајден се уште се на власт.

Но, Трамп секогаш има ново изненадување. Можно е за неколку дена да го промени својот став и да му понуди на Зеленски предавање, да се договори за „мисија на Марс“ со Маск или да објави нов потег што ќе му обезбеди Нобелова награда.

Едно е сигурно – за Трамп, постојаните и нагли промени на ставовите се суштината на политиката. Социјалните мрежи станаа негов главен инструмент за управување и влијание, напиша Медведев.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски