Медведев: „Стаорецот е заглавен“

Од:

Володимир Зеленски ќе биде подготвен на секаква провокација за да го спречи решавањето на украинскиот конфликт и да ја продолжи војната до последниот Украинец, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Според него, Зеленски ќе ги искористи сите средства за да го спречи решавањето на конфликтот, вклучително и оружјето за масовно уништување како што се „валканите бомби“ и гранатирањето на украинските цивили, за да ја префрли вината на Русија.

„Стаорецот е заглавен во ќош. Неговото однесување може да биде сосема непредвидливо. Тој трескавично брза, a по правило, во такви случаи, на крајот започнува контранапад. Затоа, може да се очекува каква било провокација од паничниот глодар со цел да се спречи регулирање и да се продолжи војната до последниот Украинец“, напиша Медведев.

Во исто време, според него, најдобро би било со тоа да се занимаваат оние кои претходно ги хранеле омразените стаорци.

Зеленски претходно ја откажа посетата на Саудиска Арабија по разговорите меѓу американската и руската делегација во Ријад.

Американската агенција Блумберг објави дека Зеленски се обидува да собере информации од индиректни извори за руско-американските разговори.

Претходно, на 18 февруари, руската и американската делегација одржаа разговори во Ријад кои траеја околу 4,5 часа и како едно од прашањата го вклучија и решавањето на украинскиот конфликт. Русија на средбата ја претставуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и директорот на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев. Американската делегација на разговорите ја сочинуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф.

Би можело да ве интересира

Порака од Хелсинки: Зеленски да го прекине конфликтот и да оди во Москва

Зеленски ги продолжува воената состојба и општата мобилизација до 3 февруари 2026 година

Горан Наумовски

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

Зеленски: Главната цел на Русите е да го освојат Покровск, има битки и во самиот град

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не и за откажување од територија

Горан Наумовски

Зеленски: Санкциите на Трамп не можат да ги заменат ракетите

Горан Наумовски