Медведев: Русија има потполно право да употреби нуклеарно оружје

Од:

„Русија ќе стори сé за да спречи појава на нуклеарно оружје кај нејзините непријателски соседи, на пример, во Украина“, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Нашите непријатели сакаат да даваат големи изјави. Се расфрлаат со поими како слобода, демократија, мисија. Всушност, ова е само ритуална вербална дијареа. Фонтаните на дијареичната демагогија со злобната пискава реторика долго време се испробаното оружје на Англосаксонскиот свет со кој го опсипуваат остатокот од човештвото во обид да ја одбранат својата ексклузивност и правото да владеат со светот“, пишува Медведев на Телеграм.

Медведев нагласи дека „Русија има целосно право да користи нуклеарно оружје“. „Морам повторно да потсетам, за оние глуви луѓе кои само се слушаат себеси. Русија има право да користи нуклеарно оружје доколку е потребно. Во однапред одредени случаи – ако ние или нашите сојузници бидат нападнати со ваков тип оружје или ако агресијата со конвенционално оружје го загрозува опстанок на нашата држава“, пишува тој Медведев.

„Ако заканата за Русија ја премине утврдената граница на опасност, ќе мораме да одговориме. Без ничија дозвола, без долги консултации. И тоа дефинитивно не е блеф“, додава тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО