Медведев: Повеќеслојните односи со Куба имаат големо значење за Русија

Од:

Русија им придава големо значење на развојот на повеќеслојните односи со Куба, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев на средбата со вицепремиерот на Куба Рикардо Кабрисас Руис.

-Куба е наш многу важен партнер. Нашата соработка има повеќеслоен карактер, забележа рускиот премиер, цитиран од ТАСС.

Медведев напомена дека Русија очекува претседателот на Државниот
совет и премиер на Куба Раул Кастро да пристигне во Москва на
свеченоста по повод јубилејот на Победата над фашизмот.

Користејќи го овој случај сакам да им ги пренесете поздравите
и најдобрите желби на Раул и Фидел Кастро, додаде Медведев,
обраќајќи му се на вицепремиерот Кабрисас.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски