Медведев: Постои можност за понатамошна анексија на територии во Украина

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев сугерираше дека постои можност за понатамошна анексија на територии во Украина, пренесе германската новинска агенција ДПА.

На партискиот конгрес на партијата Единствена Русија во Кремљ, Медведев рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени кон Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

– Тоа искуство, инаку, може да биде од помош доколку кај нас се појават уште нови региони кои се многу блиски – што, како што рече, е сосема можно.

Медведев останува влијателен како претседател на партијата Единствена Русија и заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија.

Кремљ, кој започна војна против Украина во февруари 2022 година под изговор дека го штити руското цивилно население во Донбас, досега само делумно окупираше четири региони, но бара нивно предавање од Киев како услов за мировни преговори.

Москва веќе се закани со дополнителни анексии доколку Украина не го прифати барањето.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир