Медведев: Подготвени сме за конфликт со НАТО, цената ќе биде многу повисока отколку во 1945 година

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм ги коментираше актуелните настани поврзани со војната во Украина. Како клучни настани тој го претстави доаѓањето на тенковите Абрамс во Киев, претстојната испорака на ракетите со долг дострел АТАКМС и оддавањето почит на поранешниот нацист Јарослав Хунка во канадскиот парламент.

„Изгледа дека на Русија и остануваат сè помалку опции освен директна конфронтација со НАТО на терен. НАТО се претвори во отворено фашистички блок како оската на Хитлер, иако во поголем обем. Ние сме подготвени, иако резултатот ќе биде постигнат на многу поголема цена за човештвото од 1945 година“, објави тој.

Медведев неодамна ги обвини Соединетите Американски Држави и Европската Унија дека го приближуваат светот до голема војна со „поттикнување терор“ во пограничните области на Русија. По тој повод потсети дека не може да има победници во новиот глобален воен конфликт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната