Поранешниот руски претседател и премиер, а денес заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев ја коментираше кавгата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек на светот Илон Маск.
„Подготвени сме да помогнеме да се постигне мировен договор меѓу Доналд и Илон за разумна такса и да ги прифатиме акциите на Starlink како плата. Не се карајте момци“, напиша Медведев на социјалната мрежа X на Маск.
Маск влезе во администрацијата на Трамп со амбициозен план да ги намали федералните трошоци за две милијарди долари. Тој беше верен сојузник на Трамп, трошејќи речиси 300 милиони долари за поддршка на републиканците на изборите во 2024 година, а потоа го предводеше Одделот за ефективност на владата (DOGE).
Со парите на Маск беа финансирани илјадници доброволци во клучните држави кои му дадоа на Трамп претседателската функција. Во клучната Пенсилванија, Маск организираше лотарија и по случаен избор дистрибуираше 1 милион долари дневно за потписи за поддршка на републиканските каузи. Покрај Трамп се појави и на неколку митинзи.