Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Од:

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека е опасно украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде избран за нов мандат, бидејќи, како што оцени, неговиот реизбор ќе ги одложи преговорите со Русија.

„Кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен. Тој дури може да се обиде да биде реизбран, но ова е крајно опасно за него: или ќе загуби од некој (Валери) Залужни, или неговото слабо парче во борбата едноставно ќе биде отстрането на шаховска табла на англосаксонските велемајстори“, изјави тој за РИА Новости.

Медведев, одговарајќи на прашањето дали е можно Русија и Украина да преговараат со Зеленски, рече дека „лицето што моментално е на власт самоволно ќе го одложи преговарачкиот процес“.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина

Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување