Медведев: Не кажувам колку вонземјани има меѓу нас, за да нема паника

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев незнаејќи дека се вкчучени микрофоните, по телевизиската емисија на водителката и кажа дека постојат вонземјани кои се шетаат по планетава.

Видеото не е објавено на телевизија, но стигна  до интернет каде што е хит.

Тој ова го кажа на прашање на водителката која од поранешниот претседател на Русија, а сега премиер побара одговор дали знае нешто за вонземјаните.

„Ќе ви кажам за прв и последен пат. Со акт ташната во која се наоѓаат шифрите за нуклеарното оружје претседателот на Русија добива и посебен таен фолдер. Овој фолдер содржи информации за вонземјаните кои ја посетиле нашата планета. Освен тоа, се добива и извештај за целосно тајна специјална служба  која врши контрола над вонземјаните во нашата земја. Тие два документи се добиваат заедно со нукелраните шифри. Кога завршува претседателскиот мандат тие документи му се предаваат на следниот претседател. Повеќе информации за ова можете да добиете во филмот „Луѓе во црно“, постојат неколку верзии. Нема да ви кажам колку ги има меѓу нас, бидејќи тоа ќе предизвика паника“, рече Медведев. Водителката постојано се смееше додека премиерот и ги „откриваше тајните“, со оглед дека не е прв пат Медведев да ја употреби својата позната доза на хумор.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=jYNRji31EQw

 

 

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија