Медведев: Илон Маск е последниот разумен човек во Америка

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ја коментираше информацијата дека сопственикот на социјалната мрежа „Х“ минатата година ја ограничил работата на „Старлинк“ и со тоа го спречил нападот на Киев врз руската флота, оценувајќи дека Илон Маск, „ако ова е вистина, тој е последниот разумен човек во Северна Америка“.

Претходно американската Си-Ен-Ен објави делови од биографијата на Илон Маск, каде меѓу другото се наведува дека бизнисменот наредил да се ограничи работата на сателитски интернет „Старлинк“ во околината на Крим и на тој начин спречил украинскиот напад на флотата.

Според телевизискиот канал, Маск бил загрижен дека Русија ќе му возврати на „малиот Перл Харбор“ со нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија