Медведчук: Украина под терористичкиот режим на Володимир Зеленски нема право да постои како држава

Од:

Виктор Медведчук, олигарх близок до рускиот претседател Владимир Путин и поранешен украински парламентарец, изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека Украина „под терористичкиот режим на Володимир Зеленски нема право да постои како држава“.

Неговата изјава следеше по наводниот украински напад врз кафуле и хотел во окупираниот дел од Херсонската област. Прорускиот гувернер на Херсонската област, Владимир Салдо, рече дека повеќе од 24 лица се убиени во напад со беспилотно летало врз кафуле и хотел каде што цивилите ја славеле Нова Година.

Медведчук тврдеше дека ова е кршење на меѓународното право и конвенциите на Обединетите нации за борба против тероризмот.

– Група луѓе предводени од Володимир Зеленски, кој ја узурпираше власта во Украина, прибегнуваат кон извршување терористички акти на територијата на Руската Федерација, поврзани со намерно убивање на цивилното население. Ова е државен тероризам, а самата држава е терористичка, рече Медведчук.

Тој додаде дека „таквата држава нема право да постои“.

„Треба да биде уништена, а украинскиот народ треба да одлучи за својата иднина“, нагласи тој.

Херсон е еден од четирите региони во Украина што Русија ги прогласи за свои во 2022 година, потег осуден од Киев и повеќето западни земји како нелегално заземање територија.

Медведчук беше една од највлијателните проруски личности во Украина и со години се залагаше за посилни политички и економски врски со Москва. Во Украина, тој водеше партија и политички блок кои отворено се спротивставуваа на зближувањето со Европската Унија и НАТО.

По руската инвазија на Украина во 2022 година, Медведчук беше уапсен под обвинение за велепредавство и соработка со Русија. Подоцна беше разменет како дел од размена на затвореници и преместен во Русија. Денес, тој работи од Русија како еден од главните пропагандни гласови на Кремљ против украинските власти.

Би можело да ве интересира

Украинско разузнавање алармира: Русија подготвува голема провокација во наредните денови

Москва: Крвав биланс во Херсон, бројот на загинати по нападот порасна на 27

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Стејт департментот издаде предупредување: Американците веднаш да ја напуштат Русија

„Волстрит џурнал“: Економската артерија на Украина под оган, Одеса повторно цел на напади

ВИДЕО: Новогодишна порака на Путин: Убеден сум во победата на голема Русија