Радијата и телевизиите во Пакистан не смеат да следат никакви случувања поврзани со Денот на вљубените, предупреди пакистанското регулаторно тело за електронски медиуми.
Забраната првпат беше воведена минатата година, откако Високиот суд во Исламабад празникот го прогласи за културен увоз од Западот и против исламското учење.
Младите во Пакистан ја прифатија традицијата, подарувајќи цвеќа, срца и слатки на 14 февруари, но верско-политичките активисти и екстремни партии таквото однесување го сметаат за неморално.