Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Од:

Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад со „Storm Shadow“ врз рускиот регион Курск, објави Wall Street Journal (WSJ), цитирајќи неименуван западен претставник.

Службеникот не ја прецизираше тежината на повредата.

Весникот наведува дека тоа е првпат западен функционер да потврди дека висок севернокорејски воен функционер бил повреден во војната меѓу Украина и Русија.

Украински и западни претставници изјавија за новинарите дека украинските сили во средата истрелале најмалку 10 британски проектили „Storm Shadow“ врз регионот Курск.

Подоцна се покажа дека ракетите го погодиле штабот каде што биле руските и севернокорејските генерали, пренесе Униан.

Американските власти тврдат дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници се распоредени во регионот Курск.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и дозволи на Украина да ги користи американските ракети АТАКМС за да изврши напади врз цели длабоко во Русија, објавија медиумите.

Американските власти соопштија дека одлуката е донесена како одговор на одлуката на Москва да побара поддршка од севернокорејските војници.

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина

Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск