Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Од:

Вистинската драма се одвива во Мајнхајм, Германија, каде според непотврдени информации возачот на црн теренец влета во толпата и почна да прегазува пешаци во центарот на градот. На терен се бројни полициски и екипи за итна помош, а млад човек на социјалните мрежи тврди дека видел две девојки кои се тешко повредени во нозете.

На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „Х“, непознат маж објави видео од местото на настанот, на кое се гледаат бројни патроли. На снимката мажот вели дека дошол од правецот каде што биле прегазени луѓе и дека слушнал како некои велат дека се убиени неколку лица.

„Видов две девојки кои ги загубија нозете“, тврди младиот човек на видеото.

Засега не е познато дали се работи за напад или несреќа. Според германските медиуми, се стравува дека најмалку две лица загинале, а повеќе од 25 се повредени, од кои 15 потешко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран