Медиуми: 12 загинати во Берлин, напаѓачот од Пакистан или Авганистан

Од:

Весникот „Билд“ тврди дека бројот на жртвите во нападот извршен со камион на божикниот панаѓур во центарот на германскиот главен град се искачил на 12, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Тројца од повредените починале во берлинските болници, а деветмина на местото на инцидентот.

Според весникот, се уште нема официјална потврда за идентитетот на напаѓачот , но извори во германските служби за безбедност се сомневаат дека тој е Пакистанец или Авганистанец и дека во Германија пристигнал во февруари како бегалец.

Според германската новинска агенција ДПА, која цитира извори во службите за безбедност, тврди дека се работи за исламистички напад за кој истрага води федералното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Берлин нареди депортација на тројца граѓани на ЕУ и еден Американец

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти