Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Од:

Десет лица се ранети во израелски воздушен напад што ја погоди северната капија на болницата во областа Муваси во Појасот Газа.

Тројца медицински работници и седум пациенти се ранети во нападот, изјави портпаролот на болницата Сабер Мохамед, пренесе АП. Двајца пациенти се здобиле со сериозни повреди, рече портпаролот.

Муваси во Газа е дом на стотици илјади раселени Палестинци кои живеат во шатори по неколкумесечни борби, соопшти агенцијата.

Израелската армија се уште не го коментираше нападот.

Во неделата, израелски напад ја погоди последната голема болница која обезбедува интензивна нега во северниот дел на Газа. Според болницата Ал-Ахли, еден пациент починал за време на евакуацијата, а нападот сериозно го оштетил одделот за итна помош, аптеката и околните згради.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето