Маж од Тексас призна синоќа пред Федералниот суд во Њујорк дека работел како таен агент на руската Влада и раководел со операција за извезување воена технологија за Русија во период од над десет години.
Александар Фишенко, кој е натурализиран американски граѓанин и сопственик на компанијата „Арк електроникс“ со седиште во Хјустон, призна дека е виновен по неколку обвиненија, вклучувајќи перење пари, непочитување на судските органи и работа како агент на руската Влада.
Според иследниците, тој раководел со шема за заобиколување на ригорозната контрола врз извозот на микроелектронски уреди, користени во системите за насочување на ракети, детонаторите и радарските системи.
Фишенко беше уапсен во 2012 година, заедно со уште десет обвинети за делото.