Маж од Косово уби трудница во Италија

Од:

Во вторникот е уапсен Б.Ф.(41) од Косово, осомничен за убиството на Ванеса Балан (27) кај Тревизо во Италија.

Ванеса, која била во третиот месец од бременоста, a убиена на прагот од нејзиниот дом. Била удирана по главата, а најмалку седум пати била избодена во градите.

Осомничениот е уапсен во близина на неговиот дом, исто така, во провинцијата Тревизо.

Дечкото на Ванеса рече дека жртвата го пријавила осомничениот за демнење уште во октомври.

Осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела Ванеса Балан – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.

Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал.

Телото на Ванеса го пронашол нејзиниот партнер откако се вратила од работа. Тој бил во состојба на шок, но успеал да им даде корисни информации на истражителите. Нивното четиригодишно дете во моментот на злосторството било во градинка. Инспекторите сега се обидуваат да го откријат мотивот зад ужасното злосторство.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ