Матис: Северна Кореја е најнепосредна закана за САД

Од:

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис истакна дека Северна Кореја, со која во тек се преговори за прекинување на Програмата за нуклеарно оружје, претставува најнепосредна закана за САД, пренесува агенцијата Анадолија.

Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, Матис во говор на Форумот за национална одбрана во Калифорнија, на прашањето која од земјите од Северна Кореја, Кина, Русија и Иран претставува најсериозна закана за неговата земја, одговорил: „Во однос на итноста, Северна Кореја е проблем“.

– Мораме да го решиме ова прашање. Прашањето е итно. Затоа Обединетите нации донесоа едногласни резолуции за Советот за безбедност. Колку пати можете да ги видете земјите како што се Кина, Франција, Англија, Русија, САД и други, повеќе пати да гласаат едногласно ?, изјави Матис за време на говорот.

Американскиот министер за одбрана додаде дека во однос на моќта, најголема закана за земјата е Русија, додека во однос на војлата, Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни се сретнаа во Сингапур. По средбата двајцата лидери постигнаа договор за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.

Во последно време, меѓу двете страни има застој во преговорите за укинување на нуклеарното оружје, потсетува Анадолија. Властите во Пјонгјанг ја откажаа средбата закажана за минатиот месец меѓу американсккиот државен секретар Мајк Помпео и висок функционер на Северна Кореја.

Трамп изјави дека со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун може да се состане во јануари или во февруари следната година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија