Материјал собран од инспекторите на ОН од местото на наводните напади крај Дамаск ќе бидат анализирани во лабораторија во Шведска, изјави Оке Селстром, шеф на тим од инспектори на ОН.
Селстром рече дека анализата на материјалот ќе биде извршена во лабораторија на Шведскиот институт за одбрана и тоа ќе трае две недели.
Според него, погрешни се тврдењата дека минало долго време за собирање податливи материјали за анализа.
Дел од материјалите за анализа ќе бидат испратени во лабораторија во Финска.