Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

Од:

Едно лице почина, а десетици се разболеа од труење со храна поврзано со плескавиците од Мекдоналдс, Quarter Pounder во неколку американски држави, соопштија федералните здравствени власти. Утврдено е дека во хамбургерите на Мекдоналдс се појавила ешерихија коли.

Труењето кое започна во септември, се прошири во 10 западни држави со најмалку 49 пријавени инфекции, соопшти американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ).

„Епидемиолошките податоци покажуваат дека хамбургерите Quarter Pounder кои се служат во Мекдоналдс се контаминирани со ешерихија коли и предизвикуваат гадење“, велат од ЦДЦ.

Најголем број случаи се концентрирани во Колорадо и Небраска. Други држави со случаи вклучуваат Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг. Според ЦДЦ, 10 лица биле хоспитализирани — вклучително и едно дете со сериозни бубрежни компликации.

„Едно постаро лице во Колорадо почина“, додаде ЦДЦ.

Сите интервјуирани луѓе за инфекциите рекоа дека јаделе во Мекдоналдс пред да се разболат. Повеќето од нив спомнаа јадење на популарната плескавица Quarter Pounder, соопшти ЦДЦ.

Бактерискиот вид Escherichia coli O157:H7 за кој станува збор може да предизвика сериозни болести. Тоа беше и извор на епидемија во 1993 година кога четири деца починаа откако јадеа недоволно варени хамбургери во рестораните Џек ин д Бокс.

Би можело да ве интересира

Сомнежи за труење со храна со училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Деветмина се затруле со храна во Гоствар, јаделе во ист угостителски објект

Масовно труење во Нови Пазар: Има пациенти во критична состојба, меѓу затруените се и деца

Горан Наумовски