Повеќе десетици илјади луѓе вчера протестираа во Даблин поради новите сметки за вода кои се воведени во Ирска, јави организаторот на протестот.
Зголемувањето на таксата за вода е една од мерките предложени од експерти на ЕУ и ММФ со цел намалување на буџетскиот дефицит на Ирска.
Протестите се најнови во низата слични протести одржани и кон крајот на минатата година.
Ирската полиција не објави колку луѓе се собрале на протестот, но организаторите проценуваат дека имало околу 80.000 луѓе.