Масовен напад во Одеса, најмалку осум лица се повредени

Од:

Осум лица се повредени во рускиот напад врз Одеса, во јужна Украина, синоќа, изјави денес шефот на воената администрација на градот, Серхиј Лисак.

Лисак во објава на Телеграм изјави дека во рускиот напад се оштетени 24-катен облакодер, канцелариски згради и две образовни институции.

– Тешка ноќ за Одеса. Непријателот повторно започна масовен напад врз градот. Инфраструктурата е оштетена. Во моментов е познато дека има осум повредени, меѓу кои и едно дете. Две лица се хоспитализиран“, рече Лисак.

Според него, станови на неколку ката од облакодерот што беше цел на рускиот напад се уништени, а скршени се и прозорци во блиските згради.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната