Маск: Последен пат разговарав со Путин пред 18 месеци

Од:

Маск ја демантираше информацијата дека разговарал со Владимир Путин за можен крај на војната во Украина.

„Не, тоа не е точно. Разговарав со Путин само еднаш и тоа беше пред околу 18 месеци. Темата беше вселената“, објави Маск на Твитер.

„Илон Маск, најбогатиот човек на светот, разговараше директно со рускиот претседател Владимир Путин пред да го објави на Твитер својот „мировен план“ за ставање крај на војната во Украина, кој вклучува предлог за трајно отстапување на Крим на Русија“, изјави претходно Иан Бремер, основач на Eurasia Group, консултантска компанија за политички ризик.

Во е-маил испратен до претплатниците на Eurasia Group, Иан Бремер тврди дека Илон Маск му рекол дека рускиот претседател е „подготвен да преговара“ под услов Крим да остане под руска контрола.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски