Маск донирал повеќе од 1.200 респиратори за калифорниските болници

Од:

Елон Маск, сопственик на автoмобилската компанија „Тесла“ и „СпејсИкс“ откупил повеќе од 1.200 респиратори, апарати за механичка вентилација на бели дробови, за државата Калифорнија.

Ова синоќа го кажа гувернерот на сојузната држава, Гавин Њусам.

-Тие се веќе испорачани во Лос Анџелес. Тоа е херојска постапка, изјави гувернерот.

Како што потоа појасни Маск, не се работи за апарати произведени од неговата компанија, туку за 1.255 респиратори откупени од разни производители во Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на прес по повод борбата со коронавирусот изјави дека Фејсбук и други технолошки компании ќе донираат вакви апарати „таму каде што е најпотребно.“

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања