Научникот Крјг Вентер кој учестувал во декодирањето на човечкиот геном и ја направил првата вештачка клетка, сега го „фрли погледот“ на Марс. Тој објави план за праќање на „биолошки телепортер“ на црвената планета во потрага на живот.
Вентер верува дека Марс е полн со живот, па затоа сака да ја утврди марсовската ДНК и да ја прати на Земјата за што ќе му послужи телепортерот – роботски контролирана единица за сенквинцирање геноми.
Тој на конференција во Њујорк рекол доколку откријат вонземски геном, би можече успешно да го состават во посебно заштитена свемирска лабораторија.
– Можеме повторно да ги изградиме Марсовците во вселенската лабораторија, наместо да го спуштиме материјалот во океаните, вели Вентер.