Мартин Шулц: Трамп е закана за демократијата

Од:

Поранешниот прв човек на Европскиот парламент и кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за германски канцелар, Мартин Шулц оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува „закана за демократијата“.

Во интервју за весникот „Шпигел“, Шулц нагласи дека со своите одлуки и постапки Трамп си „игра со безбедноста на западниот свет“.

– Тоа што почна да го прави американскиот претседател се вика борба на културите – потенцира Шулц.

Тој во интервјуто побара германската канцеларка Ангела Меркел јасно да се дистанцира од новата американска Администрација.

– Канцеларката нема право немо да ги набљудува овие неприфатливи постапки. Ако Трамп продолжи да го урива нашиот вредносен систем, треба јасно да кажеме дека тоа не е и наша политика- истакна Шулц.

Според него, од изборната кампања во САД светот може да извлече само една лекција, а тоа е дека во никту еден случај не треба да се води таква предизборна борба.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски