Мартин Шулц ќе се спротивстави на Меркел во трката за германски канцелар

Од:

Според германските медиуми, поранешниот претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц има големи шанси да биде кандидатот за канцелар на Германската Социјал-демократска партија на следните избори кои што треба да се одржат на 24. септември.

Иако претседателот на СДП и сегашен вице-канцелар, Зигмар Габрил, беше фаворит да биде кандидатот кој што ќе се спротивстави на Ангела Меркел, сепак на интерен состанок денеска било договрено тоа да биде Шулц.

Оваа промена доаѓа по намалувањето на рејтингот на Габриел во последните месеци и константните критики за лошо водење на партијата.

Според истражување правено во декември од германската телевизија АРД, 57% од испитаниците би гласале за Меркел во Септември, додека 37% се одлучиле за Шулц, а само 16% за Габриел.

Шулц е познат во јавноста по неговиот мандат како претседател на Европскиот Парламент од 1. јули 2014 до 17 јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија