Мартин Шулц и се закани на Турција со економски мерки заради апсењата на опозиционери

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, изјави дека ЕУ може да преземе ограничувачки економски мерки против Турција по апсењата на новинари и политичари од опозицијата, пренесе ТАСС.

-Ние треба да размислиме кон какви економски мерки да прибегнеме. До крајот на годината Царинската унија, чија членка е и Турција, најверојатно ќе биде реформирана, рече Шулц во денеска објавеното интервју за весникот „Билд ам зонтаг“.

Според претседателот на ЕП, Анкара ќе ја мине црвената линија доколку повторно ја воведе смртната казна. Во таков случај преговорите за членство на Турција во ЕУ ќе бидат прекинати, подвлече Шулц.

Истовремено, тој изрази надеж дека нема да се дојде до таква екстремна одлука, забележувајќи дека доколку ЕУ ги прекине односите со Турција веќе нема да има можност да и помага на опозицијата и на лицата што се затворени.

-Затоа јас, како и претходно, сум за дијалог, рече Шулц.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ