Маршеви во Франција против Националниот фронт

Од:

Четири дена по победата на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН) на Марин Ле Пен на европските избори во Франција, Французите се разбудија и одржаа маршеви против оваа партија, јави дописникот на МИА од Париз.

Нешто слично, како и во 2002 година кога во вториот круг на претседателските избори се најде тогашниот лидер на ФН, Жан-Мари Ле Пен, но за разлика од тогаш, сега мобилизацијата е закаснета. Марин Ле Пен и нејзините 25 европратеници добија мандат од пет години во Европскиот парламент и претставуваат најголемта група на француски европратеници во Стразбур.

Во Париз манифестацијата која се одржува под мотото„Сите обединиети против ФН“ започна околу 14 часот на плоштадот „Бастиља“ и поворката се движи кон „Плоштадот на Републиката“.

Овие граѓански маршеви против „Ф-Хен“ (игра на зборови во превод „Ф-омраза“) се организирани од студентските и средношколските организации преку една Фејсбук страница, создадена веднаш по соопштувањето на резултатите од изборите.

Протестите започнаа само 200 лица во Руан, околу 1.000 во Лион, 800 во Тулуз, 500 во Марсеј и Нанси, исто толку во Бордо.

Еден од лидерите на средношколската унија УНЛ повика на мобилизација во текот на идните три години, до 2017 година, за кога се закажани претседателските избори во Франција.

Претходно, во текот на изминатите некоклку дена се организираа повеќе спонтани протести и во Лил, Анжу, Нант и Брест.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм