Марсеј: Се шири скандалот со корупција во полицијата, 30 осомничени

Од:

Бројот на припадниците на полицијата во Марсеј осомничени за вмешаност во корупција се зголеми вчера на 30, по што уште 18 полицајци се суспендирани, објави Frans pres.

Припадниците на единицата која работела во најтешките зони во градот на југот на Франција беа суспендирани откако во петокот е подигнато обвинение против 12 од нивните колеги, под сомнение за вмешаност во изнудување и “дилање” дрога.

Седуммина од нив се во притвор во очекување на понатамошна истрага, додека останатите петмина се ослободени со кауција.

Со најновата суспензија, речиси половина од 70 членови од Криминалистичката бригада на северот на Марсеј се под истрага, која почнува да личи на најсериозен случај на корупција во полицијата во француската историја.

Повеќето од осомничените полицајци биле приведени минатиот вторник под сомнение за одземање на дрога и пари од дилери на дрога и ги задржувале цигарите запленети од шверцерите.

Надлежниот обвинител во петокот рече дека обвинителството има изобилство докази за нивната вина, а таа полицијска единица ја опиша како “гангрена” во француските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски