Марио Мауро: Воена интервенција врз Сирија може да го разгори целиот Блиски исток

Од:

Евентуална воена интервенција во Сирија може да го разгори целиот Блиски исток предупреди италијанскиот министер за одбрана Марио Мауро.

Тој вели дека симнувањето од власт на сирискиот претседател Башар Асад не треба да биде услов за почнување мировни преговори. Мауро повика на внимателност и изјави дека војна или мир во Сирија ќе значи војна или мир во Блискиот исток.

Аргументите му се ситуацијата во Јордан и Либан, заканата за безбедноста на Израел и интересите на други регионални играчи како Саудиска Арабија, Иран и Турција. Според него, почнувањето на воени дејствија „уште повеќе еднострано, ќе ги поткопа напорите за добра волја на сите држави кои бараат политичко решение“.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија