Марин Ле Пен повторно избрана за претседател на Националниот Фронт

Од:

Марин Ле Пен, ќерката на основачот на француската крајно десничарска партија – Националниот Фронт, денеска е повторно избрана за претседателка на партијата на конгресот кој се одржува во Лион, јавува дописникот на МИА од Париз.

Изборот на Марин Ле Пен е без изненадување, таа доби 100% од гласовите на тие што учествуваа на гласањето на 15 конгрес на Националниот фронт.

Вчерашниот ден го означи и зголемување на влијанието на внуката на Марин и Жан Мари Ле Пен, Марион Маршеал Ле Пен, која доби најмногу гласови за идниот состав на Централниот комитет на партијата со 80 отсто од гласовите.

На конгресот во Лион стана многу збор и за кредитите кои ги доби Националниот Фронт од руските банки. Откако партијата доби 9 милиони евра од руската банка Фирст Чек Рускиан Банк, вчера беше откриено од Медиапар дека и мини партијата на Жан Мари Ле Пен добила 2 милиони евра од едно кипарско претпријатие кое е во рацете на поранешен раководител на КГБ, Јури Кудимов кој сега е на чело на државната руска бнака ВЕБ Капитал Парите транзитирале преку швајцарската банка Јулиус Баер.

Жан-Мари Ле Пен ја потврди информацијата, објаснувајќи дека станува збор за заем, без да каже со која камата го добил. Парите од овај зеем за неговата микро партија Котелек ќе служат за „промоција на неговиот имиџ и акција“.

Националниот Фронт, во моментов има два пратеници во француското национално собрание и 25 европратеници и важи за еден од најголемите поддржувачи на руската политика.

Според сите предвидувања, лидерката на НФ, Мареин Ле Пен најверојатно во 2017 година ќе се најде во вториот круг на претседателските избори во Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано